ПУТИН ДА ОДГОВАРА ЗА ЗЛОСТОРСТВАТА ВО УКРАИНА: Американскиот сенат упати повик до Хаг 

Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција со која се осудува рускиот претседател Владимир Путин како воен злосторник и се осудува руската акција во Украина, пренесува Ројтерс.

Резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам, ја осудува „Руската Федерација, рускиот претседател Владимир Путин, членовите на руската делегација во Советот за безбедност, руските вооружени сили и руските воени команданти за флагрантни акти на агресија и други злосторства со кои се прават злосторства против човештвото и злосторства против народот на Украина и други“, пренесува руската агенција ТАСС.

Упатен е повик до Меѓународниот кривичен суд во Хаг да ја истражи одлуката на Путин да ја нападне Украина, пренесува Ројтерс. Водачот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, пред гласањето изјави дека Путин треба да одговара за „злосторствата извршени во Украина“.

„Сите ние во оваа сала се обединивме, и демократите и републиканците, за да кажеме дека Владимир Путин не може да избега од одговорноста за злосторствата извршени врз украинскиот народ“, рече лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Сумер.

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, креаторот на овој закон, рече дека ќе работи со британските сојузници и други за да се создаде внатрешна служба која ќе и открие на јавноста кои руски воени единици се вклучени во воени злосторства, како и имињата на нивните команданти, објави Би-Би-Си.ФОТО: EPA/SHAWN THEW

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons