Свет

Пилот на српската војска загина во пад на „миг-29“ кај Стара Пазова 

Пилот на авионот „миг-29“ на српската војска загина утрово во пад на леталото во околината на Стара Пазова, соопшти Министерството за одбрана на Србија. Од Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица информираа дека дежурен обвинител е на терен за да изврши увид.

Авионот, кој бил дел од 204. воздухопловна бригада, се урнал околу 8:45 часот. Во несреќата загинал пилотот, мајорот Горан Булајиќ.

На местото на несреќата излегоа припадници на воената полиција, а известен е и надлежниот обвинител. Булајиќ е роден на 25 март 1973 година во Белград. Во српската војска служел од 1996 година и зад себе остава две деца.

Српското Министерство за одбрана формираше комисија што треба да ги утврди околностите на несреќата и евентуалната одговорност на воената организација. Формирана е и стручна комисија на Военото воздухопловство, која ќе ја испитува причината за падот.

Министерот за одбрана Братислав Гашиќ и заменик-началникот на Генералштабот на српската војска, генерал-потполковникот Тиосав Јанковиќ, кој е и командант на Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана, испратија телеграми со сочувство до семејството на загинатиот пилот. Јанковиќ се упатил кон местото на несреќата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons