Вистинска драма на авионот на линијата Охрид – Малме, тргна за Шведска и слета во Полска 

Вистинска драма се случила во авион кој во саботата (28.10) тргнал од Охрид за Малме, пишува Клан М.

Според еден од патниците кој раскажува за Клан Македонија, авионот што тргнал од Охрид до Малме во Шведска, слетал во Вроцлав во Полска затоа што на една старица и се слошило.

Потоа повторно авионот полетал за Малме и поради проблем со моторот овој пат повторно слетал во Гдањск, Полска, информира Клан М.

Според еден од патниците, се појавила паника меѓу сите патници во авионот, кој по многу часови конечно стигнал на вистинската дестинација во Малме, Шведска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons