Готова е вакцината на „Модерна“ и „Фајзер“ против новиот сој на коронавирус 

Компаниите „Модерна“ и „Фајзер“ денеска најавија дека се спремни новите ажурирани вакцини против ковид-19. На тестирањето покажале одлични резултати против високо мутираната подваријанта BA.2.86 на коронавирусот што ги зголеми стравувањата од повторно ширење инфекции, објави Ројтерс.

„Модерна“ рече дека нејзината вакцина генерирала 8,7 пати зголемување на неутрализирачките антитела против BA.2.86 во споредба со природните антитела во клиничките испитувања кај луѓето.

Варијантата моментално ја следат Светската здравствена организација и Центрите за контрола и превенција на болести на САД.

„Сметаме дека ова е вест што луѓето ќе сакаат да ја слушнат додека се подготвуваат да излезат и да се боцнат со есенските „бустер“ дози““, велат од „Модерна“.

„Фајзер“ рече дека нејзината ажурирана вакцина со партнерот „БиоНТек“ предизвикала силен одговор на антитела против BA.2.86 во претклиничка студија кај глувци.

Модерна“, „Фајзер“ и „Новавакс“ создадоа верзии на нивните вкацини насочени кон подваријантата XBB.1.5, доминантна варијанта во поголемиот дел од 2023 година.

Се очекува тие да бидат претставени оваа есен .

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons