ТЕЦ Неготино е во дефект, ќе се купува увозна струја додека не работи 

Извори од ЕСМ брифираат дека во тековниот период ТЕЦ Неготино е вон функција и тоа е дополнителна причина што мора да се набавува увозна електрична енергија од странство. Од таму велат дека во тек се ремонтни активности и најрано до 1 декември електраната што работи на мазут нема да испорачува електрична енергија.

Инаку, за периодот од 7 до 20 ноември ЕСМ веќе склучи договори со снабдувачи за купување на струја во вкупна вредност од 9 милиони евра. Ова е прва испорака откако започна грејната сезона, а изминатиот период ЕСМ се потпираше на сопствените капацитети. 

Истовремено од ЕСМ велат дека цената на мазутот е економски неисплатлива за да се произведува струја. Тоа значи дека и натаму дополнителни количини на електрична енергија однадвор ќе се купуваат од снабдувачи за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

– Таму има грешка во делот на генераторот. Во моментов дојдени се претставници од Украина, бидејќи генераторот е од таму, и тие работат заедно со домашна компанија што е ангажирана за да го санира дефектот. Во овој период ќе се штеди и мазутот, велат брифираните извори.

Од ЕСМ велат дека планот е само во ноември да се купат 72.000 мегаватчасови електрична енергија, иако количината може да биде и помала поради добрите временски прилики. Во декември би се купила увозна струја од 49.600 мегаватчасови, помалку од овој месец, затоа што ЕСМ очекува да работат сите три блока на РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и РЕК Осломеј. 

Новиот трансформатор за третиот блок во РЕК Битола е на пат, додека РЕК Осломеј е под ремонт и од декември треба да биде снабдуван со јаглен од новото наоѓалиште во Гуштерица.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons