Воен авион се урна во станбена зграда во Русија (ВИДЕО)

Станбена зграда се запали во рускиот град Јејск денеска попладне откако се урна воен авион, јавува РТ.

Локалните служби за вонредни состојби тврдат дека станува збор за воен повеќенаменски борбен авион Су-34, објави руската новинска агенција Интерфакс.

Министерството за одбрана на Русија потврди дека се работи за повеќенаменски воен борбен авион Су-34. Војската додаде дека авионот се урнал непосредно по полетувањето од локалниот аеродром на тренинг лет. Пилотите на авионот безбедно се катапултирале. Според нивниот извештај, еден од моторите на авионот се запалил веднаш по полетувањето, соопшти Министерството.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons