Веројатно е дека ќе треба да се замени и новата метална конструкција на Универзална сала 

Надзорниците на изградбата на Универзална сала, објект којшто во вторникот пламна во пожар предизвикан од засега непознати причини, по денешниот брифинг со медиумите рекоа дека е можно да има потреба од промена и на новата метална конструкција којашто како единствена „го преживеа“ инцидентот.

– Ќе има веројатно вештачење и ќе треба да се испита новата конструкција,тоа ќе го прават институти и треба да се покаже дали егзистенцијата на материјалот не е нарушена. Ако не е, тогаш ќе продолжи со работа. Доколку е спротивното  нарушеното ќе се демонтира и ќе се прави нова конструкција, рече еден од надзорниците.

Од таму рекоа дека сега ќе треба да се направи и нов елаборат за тоа како да се извади стопениот челик, наместо да се демонтира како што било претходно предвидено.Тие рекоа дека од старата градба немало вредни предмети кои би изгореле во пожарот, бидејќи се што вредело било однесено во музеј. Засега записникот од МВР сеуште го немаат.

Увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар.

-Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај, рекоа од Обвинителството.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons