Со вперено оружје одзеле „поло“ за да пукаат од возилото во Тетово 

Ноќеска е најдено возилото од кое е пукано кон семејна куќа на улицата „Илинденска“ во Тетово околу 22 часот и 45 минути. Возилото „поло“ 15 минути претходно било насилно одземено од случајно одбрани сопственици под закана со оружје, објави МВР.

Подоцна од возило во движење беше пукано кон семејната куќа на М.Т. од Тетово кој пријавил дека од патничко возило „фолксваген поло“ во движење од огнено оружје било пукано кон неговата куќа на улица „Илинденска“ во Тетово.

Претходно било пријавено дека околу 22.30 часот со закана со огнено оружје возилото „поло“  било одземено од Ф.Е. и неговиот татко Н.Е, кои за тоа ја информирале полицијата.

Повредени лица нема, а биле направени ошетувања на влезната врата и ѕидовите од куќата. Увид бил извршен и по преземени мерки околу 01.35 часот ноќва возилото било пронајдено на патот Тетово-Попова Шапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons