Македонија

Полицијата тресе на Клинички, паднаа доктори за нелегални третмани и препарати

Оделот за организиран криминал при БЈБ во акција пладнево за истрага за нелегални медицински третмани и нерегистрирани препарати.

Полицијата, поточно оделот за организиран криминал при БЈБ во акција пладнево за истрага за нелегални медицински третмани и нерегистрирани препарати.

Полицијата попладнево спроведе координирана акција на повеќе локации низ државата, насочена кон разбивање на мрежи кои, според неофицијални информации, вршеле нелегални медицински третмани и дистрибуција на нерегистрирани препарати. 

во акцијата се опфатени докторите:

Наташа К. – дерматолог, Арбен К. – дерматолог, Дејан Ф., Магдалена И.В.- доктор и Андреа Т. – АС ЕСТЕТИК од Битола.

Се сомнева дека групата била поврзана со нелегален увоз и дистрибуција на фалсификувани ботокси, филери и други медицински препарати, кои биле внесувани во земјава преку нелегални канали од повеќе држави, меѓу кои Кина, Турција и Србија. Производите, според информациите, немале соодветна контрола, дозволи ниту регистрација, а потоа биле пласирани на пазарот.

Овие препарати, кои често се користеле под превезот на естетски третмани, наместо подобрување на изгледот, можеле да предизвикаат сериозни здравствени последици – инфекции, деформитети, трајни оштетувања, па дури и ризик по животот на граѓаните.

Случајот отвора сериозни прашања за злоупотреба на довербата на пациентите и опасностите од нерегулирани медицински интервенции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons