„Ванчо Михајлов“ прави тешка етничка и национална дискриминација на Македонците, смета КСЗД 

Седум  месеци по отворањето на контроверзниот бугарски културен центар Ванчо Михајлов стигна прва конкретна институционална реакција.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди мислење според кое Македонците на национална и етничка основа се тешко дискриминирани во сопствената држава. Комисијата донесе и две други мислења поврзани со бугарскиот клуб:

Нема никакви дилеми дека се работи за „еклатантно вознемирување врз национална и етничка припадност вели Бендевска. Комисијата му наложува на основачот на клубот во рок од 30 дена да отстрани сè што ги навредува и дискриминира Македонците.

Зошто комисијата донесе вакво мислење? На ѕидовите во објектот на клубот кој се наоѓа во центарот на Битола има повеќе контроверзни цитати, меѓу кои и дека биле залудни сите напори на, како што се наведува маскираната македонска „нација“ да го лаже светот.

Ваквите мислења комисијата ги донела врз основа на Институтот за национална историја. Од Министерството за правда на обвинувањата дека прават индиректна дискриминација реагираа само со соопштение.

Недореченостите околу ингеренциите и начинот на именување на здруженијата ќе се надмине со измените на законот, смета вицепремиерот Маричиќ и додаде дека со новото решение на некој нема да му биде скратено правото да здружување.

Случувањата за и околу бугарските културни центри во земјава стигна реакција и од министерот за надворешни работи Бугарија Милков. Тој смета дека доколу продолжат реакциите против бугарските центри во земјава, тоа ќе влијае и врз динамиката на нашето приближување кон ЕУ.

Инаку, по Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, во земјава набрзо ќе се отвори и трето бугарско здружение кое ќе го носи името на Цар Фердинанд, но за да добие дозвола треба да го помине и филтерот на новоформираното ад-хок дело кое ќе дава дозвола за имињата на здруженијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons