Кој има право да аплицира за поефтина струја?

До 10 ноември сите заинтересирани компании од прехранбениот сектор, водоснабдителните претпријатија  и училиштата треба да ги поднесат документите за потпишување на договорите за снабдување со струја од ЕСМ според последната мерка на владата за субвенцинирана струја.

-Физичките и правните лица од прехранбениот сектор ќе добиваат струја по цена од 80 евра за мегаватчас, додека водостопанските претпријатија и училиштата по цена од 95 евра за мегаватчас. Оваа струја е наменета само за производствените погони, пумпните за довод на вода и пречистителните станици и училиштата. Другите делови од компаниите и претпријатијата ќе плаќаат струја по пазарна цена – соопшти Ковачевски на денешната прес конференција.

Според него, овие потрошувачи на субвенсионирана струја ќе ја користат повластената цена до 30 април следната година, а договорите ќе ги потпишуваат секој месец со важност од први во месецот до први во следниот месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons