Вработен во армијата е најден починат во касарната во Велес 

Лице на возраст од 59 години e пронајдено починато во касарната во Велес. 

Во Полициската станица Велес вчера e пријавено дека во канцеларија во касарната на Армијата во Велес е пронајден починат С.А. од Гевгелија, вработен во армијата.

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство“, соопшти денеска портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Екипа од СВР Велес извршила увид, а телото на починатиот по наредба на Јавен обвинител е дадено на обдукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons