Вработени од управата и правосудството излегоа на двочасовен штрајк 

Вработени во државната упава и во правосудството денеска точно во 10 часот излегоа на двочасовен штрајк незадоволни затоа што власта не го прифати барањето за зголемување на платите. Двочасовен прекин на работата од 10 до 12 часот ќе има и утре, како предупредување до Владата за можноста и од генерален штрајк. Од Синдикатот на управата, правосудството и здруженијата на граѓани (УПОЗ) велат дека врз одредени синдикални организации имало притисоци. Упатена е пораката дека ниту еден вработен не смее да биде казнет. 

Во изјава за медиумите Трпе Деановски, претседател на УПОЗ и Љубиша Јовановски, претседател на синдикалната организација на Катастар рекоа дека пред повеќето институции од правосудството, управата, агенциите, министерствата, фондовите, излегоа вработените кои на тој начин го изразуваат незадоволството затоа што не се почитува минималната плата.

„Уште има вработени кои примаат под минималната плата, а нашето барање е секој работник да ја добие својата законска плата, минималната плата да важи и за овие вработени, а платите да бидат линеарно зголемени за 2.806 денари. Секоја година се зголемува просечната плата до 5 проценти, минималната плата сега е зголемена за близу 3.000 денари, само нашите вработени немаат добиено ништо. Помлад соработник во 2012 година земал 20.000 денари плата, сега зема 22.000 денари! Надлежните треба да знаат дека вработените во администрацијата се крајно незадоволни“, рече Деановски.

Toj нагласи дека по утрешниот ден ќе биде одлучено како да се постапува понатаму и ѝ испрати порака на власта и раководните луѓе во институциите дека ниту еден вработен не смее да биде казнет поради изразот на незадоволство преку прекинот на работа.

 Според претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски, треба да се усогласат барањата на синдикатите.

„Барањата не се исти. Ние имаме барање за линеарно зголемување за сите вработени за 2.806 денари. Прво треба да ги усогласиме нашите барања“, изјави Димовски.

Од Законот за административни службеници, кој е во собраниска процедура, не се задоволни ниту од Синдикатот на УПОЗ. Вчера незадоволство од овој закон изрази и Кондеферацијата на слободни синдикати.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons