Чурлинов: Да ги средиме главите по поразот од Грузија и да одиме на победа против Гибралтар 

Македонија синоќа доживеа тежок пораз од Грузија, на свој терен загубивме со 3-0 и првото место во групата стана невозможна мисија.

Нашата репрезентација во изминатите години ни донесе сериозни радости, па не бевме навикнати на порази како вчерашниот, но тој се случи.

Фудбалерите одиграа под своето ниво, речиси и да не создадовме сериозна шанса за гол и заслужено загубивме. Грузија не спушти на земја.

„Имавме две-три грешки кои Грузија ги искористи. Ни останува уште еден натпревар на кој сакаме да победиме. Ни недостасуваше завршница пред нивниот гол, по вакви натпревари мора да се анализираме себеси подобро и да се фокусираме на следниот натпревар. Ни преостанува на нас дали ќе ги средиме главите и ќе излеземе на терен по три бода“, изјави Чурлинов по мечот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons