Бизнис комората со совет, доколку УЈП прогласи генерален штрајк: Исплаќајте само нето-плати

Стопанската комора ма Северна Македонија им препорачува на стопанските субјекти, доколку се остварат заканите на УЈП за генерален штрајк и блокирање на исплатата на платите преку единствениот централизиран систем за плати под контрола на овој државен орган, да ги заштитат своите вработени со исплата на нето-платите во форма на паричен трансфер, без плаќање социјални придонеси и данокот на личен доход.

-Во насока на остварување на целите на своето постоење и застапување на заедничките интереси на членовите, во услови кога државната администрација наместо да ја извршува својата основна функција – да биде сервис за бизнисите и за граѓаните, ги прави нивни заложници, доколку се остварат заканите на вработените во Управата за јавни приходи за блокирање на исплатата на платите преку единствениот централизиран систем за плати под контрола на овој државен орган, во соработка со Здружението на финансиските организации и МБА, им препорачуваме на стопанските субјекти да ги заштитат своите вработени со исплата на нето-платите во форма на паричен трансфер, без плаќање социјални придонеси и данокот на личен доход. Плаќањето на социјалните придонеси и на данокот на доход да се изврши по создавањето на механизамите под контрола на Управата за јавни приходи, со анулирање на делот за ефективна нето-плата за износот на претходно исплатените парични трансфери, советуваат денеска од Комората.

Од оваа бизнис-заедница додаваат дека нема да дозволат приватниот сектор и неговите вработени да бидат играчка и заложници на државната управа.

Синдикатот на вработените во Управата за јавни приходи вчера соопшти дека го одложуваат генералниот штрајк. Одлуката да се одложи штрајкот како што велат од Синдикатот на вработените во УЈП,  е поради одложувањето на процесот на помирување.

Вработените во УЈП веќе три недели протестираат со барање да се почитува колективниот договор и да им се зголемат платите за 30 отсто исто како што тоа беше направено со вработените во Министерството за финансии.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons