Пет повредени лица во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Пет луѓе се повредени во сообраќајна несреќа при судир на три возила изутрината околу 10 часот на автопатот Тетово-Гостивар. Сите пет повредени се однесени во гостиварската болница за укажување лекарска помош. 

-На автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила: „сеат леон“ со гостиварски и „фолксфаген голф“ и „фиат“ со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата, со повреди се здобиле вкупно пет лица кои веднаш се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.

На местото на несреќата увид изврши екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons