Спорт

Шампионот остана без тренер – Фабијани е минато за Вардар

Вардар остана без тренер по болниот пораз од ШкендијаКристијан Фабијаниповеќе не е шеф на стручниот штаб на „црвено-црните“, откако клубот и аргентинскиот стратег спогодбено ја прекинаа соработката.

Фабијани заминува по лошиот старт на сезоната, откако Вардар претрпе пораз од 0-2 на домашен терен од Шкендија. Тетовци со двата гола на Франсис Тамбастигнаа до голем триумф, додека скопските „црвено-црни“ не успеаја да одговорат и беа испратени со свирежи од трибините.

По елиминацијата од европските квалификации и неуспехот во првото големо дерби од новата сезона, Вардар остана без тренер. Клубот сега ќе мора да бара ново решение за клупата и да се обиде да го стабилизира тимот во продолжението од првенството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons