Два италијански гиганти го сакаат Елмас
Македонскиот фудбалер, Елиф Елмас, најверојатно и оваа сезона нема да игра за Лајпциг, информациите велат дека тој е понуден на два гиганти од Италија.
Познатиот новинар, Николо Шира, тврди дека Лајпциг го понудил Елмас на Наполи и Јувентус.
Елмас во два наврати го носеше дресот на Наполи, минатата сезона тој одигра 44 меча за овој клуб. Во Серија А имаше и епизода во Торино.
Доколку потпише за Јувентус, тоа ќе биде трет италијански клуб за кој ќе игра.



