Брајан Авиа со одличен настап за Македонија на Светското првенство за младинци под 20 години
Македонскиот атлетичар Брајан Авиа имаше успешен настап на Светското првенство за младинци под 20 години во Орегон, САД.
Нашиот репрезентативец во скок во далечина оствари резултат од 7,04 метри и го освои 24 место во конкуренција од 30 најдобри младинци од целиот свет.
Настапот на Светското првенство претставува уште едно големо меѓународно искуство за Авиа и потврда за неговиот напредок и одличните резултати во текот на оваа сезона.
Атлетската Федерација на Македонија упатува честитки до Брајан Авиа и неговиот тренер Ѓорѓи Вучков за успешниот настап и достојното претставување на Македонија на светската атлетска сцена.



