Познати составите: Македонија со една промена за последниот меч против Словенците
Македонија и Словенија вечерва ќе се соочат во натпреварот од Лигата на нациите, а познати се и стартните состави за дуелот.
Селекторот Гоце Седлоски направи една промена во однос на натпреварот со Шкотска. Агон Елези се најде меѓу стартерите на местото на Љупче Дориев, кој ќе ја чека својата шанса од клупата.
Со оваа промена следуваат и неколку поместувања во формацијата. Елмас ќе ја преземе левата крилна позиција, Барди ќе игра нешто понапред, додека Елези ќе биде во средниот ред покрај Гаштаров.



