Чеферин пристигна во Скопје, ќе го гледа мечот меѓу Македонија и Словенија
Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, вечерва ќе биде гостин на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе го следи мечот меѓу Македонија и неговата Словенија.
Тој денеска беше пречекан од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ кој ќе биде негов домаќин.
„Некои гости не доаѓаат само во посета, туку се враќаат затоа што имаат причина да се чувствуваат добредојдени.
Големо задоволство е повторно да го пречекам претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, кој на моја покана престојува во приватна посета на Македонија и ФФМ.
Вечерва заедно ќе го следиме дуелот Македонија – Словенија. На теренот секој за своите, надвор од него, повеќе од пријателство.
Добредојде повторно, Александар. Македонија е секогаш добар избор! Посебно, денеска“, напиша Масар Омерагиќ на социјалните мрежи.



