Пешак загина синоќа на скопската обиколница

Синоќа во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на северната обиколница на Скопје, во близина на клучка Радишани, загинал пешак од удар на автомобил.

Патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(28) од Скопје, удрило во  К.П.(68) од Скопје. Во несреќата, на местото починал пешакот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. 

– Со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, информира полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons