Институциите ги утврдуваат и санираат штетите од вчерашното невреме, имало над 1.000 повици на 112

Од Владата велат дека институциите ги утврдуваат и санираат штетите од вчерашното невреме. 

Додаваат дека се во постојана  комуникација и координација со надлежните институции по вчерашното невреме и се прават максимални напори да се санираат штетите.

Во таа насока, беше речено на денешната прес-конференција,  надлежната институција односно Центарот за управување со кризи веќе информираше за првично утврдените штети од невремето.

По обилните поројни врнежи од дожд и силниот ветер од 70 километри на час, што вчера попладне го зафатија Скопје, досега се сумирани податоци од над 1.000 повици за итни ситуации на единствениот телефонски број за итни ситуации 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив 180 до 200 повици ги координираше ЦУК, а другите 800 пријави ги реализираа субјектите од Системот за управување со кризи.

Како што информира ЦУК, до 13 часот регистрирани се вкупно 95 паднати дрвја и 121 поплавена просторија од објекти.

Според повиците, до 13 часот има пријави за 23 оштетени возила, 20 улици и подвозници се поплавени, а 27 оштетени и поплавени гаражи.

Регистрирани се вкупно 47 оштетени и паднати покривни конструкции, има пет скинати проводници, навалени бандери дуги проблеми со струја и еден поплавен дуќан и машини.

-Сите овие пријави и проблеми за нивно решавање по приоритет беа проследени до БППЗ, Град Скопје, ДЗС, Општините и Јавните претпријатија во Градот, соопшти ЦУК.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons