МакедонијаНајново

Околу 60 000 македонски државјани во САД , според последниот попис

Мичиген и Њујорк со најмногу Македонци во САД. Над 12 илјади лица со македонско потекло живеат во Мичиген, покажуваат најновите податоци од американскиот попис.

Најновите податоци од U.S. Census Bureauпокажуваат дека македонската дијаспора во САД е најконцентрирана во сојузната држава Мичиген, каде што живеат 12.390 лица кои се изјасниле дека имаат македонско потекло.

Веднаш зад неа е Њујорк со 11.214 Македонци, додека на третото место се наоѓа Илиноис со 6.648. Значајни заедници има и во Њу Џерси (6.138), Охајо (4.986) и Индијана (3.898).

Податоците, кои се базираат на петгодишните проценки (ACS 2024), покажуваат дека македонската заедница е широко распространета низ САД, со присуство и во Калифорнија (3.286), Флорида (3.011) и Тексас (1.933).

Во втората половина од листата се наоѓаат Пенсилванија (1.500), Конектикат (1.335) и Масачусетс (1.142), додека помали, но стабилни заедници се регистрирани и во Вирџинија, Аризона, Вашингтон и Северна Каролина.

Интересно е што македонска дијаспора е евидентирана и во помалку очекувани држави како Алјаска (352) и Невада (301), што укажува на широка географска распределба.

Според методологијата, бројките се однесуваат на лица кои пријавиле македонско потекло, што значи дека реалниот број на иселеници може да биде и поголем.

Овие податоци ја потврдуваат долгогодишната тенденција на силно присуство на Македонци во североисточниот и индустрискиот дел на САД, особено во региони со историска миграција поврзана со индустријата и економските можности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons