Успешна трансплантација на црн дроб, уште 15 пациенти чекаат на листата 

Замина дома со нов орган и шанса за квалитетен живот. 60 годишниот пациент кој е првиот во нашата земја на кој му беше трансплатиран црн дроб, по три недели во болничка соба утрово ја напушти Дигестивна хирургија. Зад оваа успешна приказна освен семејеството на донорот, стојат и 100-тина медицински лица кои учествуваа во процесот.

-Оваа приказна не почна овде, трае долго и во неа беше вложен многу труд и работа, многу откажувања од разно разни работи, вели проф. д-р Зоран Караџов директор на Клиника за дигестивна хирургија.

-Не може да ја минимизираме и храброста на пациентот кој во операциона сала одлучли да му биде направена трансплантација на црн дроб. Можеби оваа успешна приказна ќе ја покаже довербата во медицинските тимови и во интервенцијата, вели доц. д-р Маја Мојсова Мијовска национален координатор за трансплантација.

Во моментот 15 лица имаат потреба од пресадување на црн дроб а трансплантација на ваков орган од жив дарител не е недостижна за Дигестивна, но е многу посложен процес велат хирурзите.

-Мора да останеме на овој курс за кадаверична трансплатација бидејќи тоа е правиот пат по кој треба да се движиме и таа трансплантација дава најдобри резултати за пациентите. Орган што го земаме од една сала а во друга сала го трансплантацираме има најголеми шанси да преживее, вели проф. д-р Светозар Антовиќ од Дигестивна хирургија.

Парите за процесот за трансплантација не се проблем, тврди министерот за здравство кој вели дека годинава е зголемен и буџетот за оваа намена.

-Мора да работиме на подигнување на свесноста за органодарителството во нашата земја, вели Беким Сали министер за здравство.

Ова е шеста трансплантацаија од починат донор од почетокот на годината и прва на црн дроб во историјата на македонското здравство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons