Актуелно

Кривични пријави за три девојки поради врсничко насилство во Куманово

Кумановската полиција поднесе кривични пријави против 18-годишна девојка од липковското село Лојане и две малолетнички, на возраст од 14 и 15 години, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, осомничените на 13 март годинава, околу 18 часот, повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на Спортскиот центар „Соколана“ во Куманово.

Таму најпрво вербално ја навредувале, а потоа физички ја нападнале, додека целиот инцидент го снимале со мобилен телефон.

По нападот, ѝ се заканиле на малолетничката да не го пријавува случајот и да не зборува за видеото, предупредувајќи ја дека во спротивно ќе се соочи со уште потешки последици.

Од СВР Куманово информираат дека против трите осомничени е поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“ согласно член 386 став 3 од Кривичниот законик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons