Едно лице почина, пет лица се борат за живот – прогласена епидемија од западнонилска треска во 4 скопски општини
Здравствените власти прогласија епидемија од западнонилска треска во четири скопски општини – Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел.
Според здравствените власти, од почетокот на годината има 24 потврдени пациенти заболени од западнонилска треска, а двајца се суспектни. Дваесет се хоспитализирани на Инфективната клиника од кои пет се во тешка состојба. Најголем дел од заболените се пензионери.
Еден заболен пациент почина. Тој имал 83 година и според здравствените власти имал повеќе коморбидитети. Пет пациенти кои се примени на Инфективната клиника се во критична состојба и се на механичка вентилација.



