Актуелно

УШТЕ ЕДЕН МЕСЕЦ ЗА ИСПЛАТА НА К-15: Колку пари треба да добијат работниците до крајот на годината?

Работодавачите кои сè уште не го исплатиле регресот за годишен одмор, популарно наречен К-15, имаат рок до 31 декември 2026 година да ја исполнат оваа обврска.

Според актуелните пресметки, минималниот износ во приватниот сектор изнесува 19.516 денари, додека за вработените во јавниот сектор изнесува околу 13.560 денари.

Разликата од речиси 6.000 денари произлегува од различниот начин на пресметување на регресот, кој е утврден со колективните договори.

Кој има право на К-15?

Право на регрес имаат работниците кои во текот на календарската година работеле најмалку шест месеци кај ист работодавач.

Во приватниот сектор, регресот се пресметува во висина од најмалку 40 проценти од просечната нето-плата во државата за последните три месеци, според основицата што важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата.

Во јавниот сектор, пак, минималниот износ се пресметува како 30 проценти од просечната нето-плата исплатена во претходната година.

Работодавачите можат да исплатат и повисок износ.

Може ли работодавачот да исплати помалку?

Компаниите од приватниот сектор кои се соочуваат со финансиски тешкотии можат да исплатат помал износ, но само доколку ја запазат постапката предвидена со колективниот договор и склучат соодветна спогодба со претставниците на работниците.

Работодавачот не може еднострано да одлучи да исплати помал регрес.

Каде да се пријават работниците кои нема да добијат К-15?

Вработените на кои нема да им биде исплатен регресот можат да се обратат до Државниот инспекторат за труд или до Сојузот на синдикатите на Македонија, на телефонскиот број 070 818 878, како и преку апликацијата „ССМ – мои работнички права“.

Работниците имаат можност да ги побараат своите пари и преку судска постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons