Фатен возачот кој прегази две жени во Радишани и избега, еве за кого се работи
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција денеска го пронајдоа возилото и лицето поврзани со сообраќајната несреќа што се случи на 15.05.2026 на ул. „Радишанска“ во Скопје, во која две лица (пешаци) се здобија со повредени, а возачот го напушти местото на настанот.
Возилото „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и возачот И.П.(50) биле пронајдени на ул. „Мак Диздар“ во Скопје.
-Со возачот е обавен службен разговор и за настанот известен е дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје, по чии насоки возилото е привремено одземено, а по целосно документирање на предметот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.
Во сообраќајката со повреди се здобија 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а детали може да прочитате на линкот во продолжение.



