Македонија

(Видео) МВР го најде и уапси малолетникот што дивееше со мотор низ Штип

Во врска со видео објава споделена на социјалната мрежа Фејсбук, на која се забележува лице кое управува скутер на едно тркало и со таквото однесување ја загрозува безбедноста во сообраќајот, полициски службеници веднаш презедоа мерки и активности за идентификација на лицето, информираат од МВР.

По преземените активности, од страна на СВР Штип утврдено е дека на 11.05.2026 година околу 21.00 часот, на раскрсницата помеѓу улиците „Сремски Фронт” и „Борис Крајгер” во Штип, Е.Б.(15) од Штип сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, како и сообраќајни прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.


Лицето е пронајдено и идентификувано, а против него се преземаат соодветни законски мерки согласно важечките законски прописи, се наведува во информацијата од МВР.







Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons