Суперхеројско изненадување и радост за дечињата од Детска клиника 

Тимот на црвениот крст од Скопје, денес на Клиниката за детски болести ги посети хоспитализираните деца на сите оддели. Членовите на тимот беа маскирани во костими од омилените херои од цртаните филмови, кои ја изведоа вежбата спуштање по јаже.

Децата и останатите присутни на клиниката имаа прилика да се дружат и фотографираат со маскираните главни јунаци Спајдермен, Супермен и Бетмен.

Станува збор за традиционална акција со наслов „Да подариме среќа“ која се реализира неколку години по ред. 

Волонтерите од Црвен крст по шести пат ги израдуваа дечињата во Детската клиника

КУЛТУРА • 18 ДЕКЕМВРИ 2023

Пепелашка, Медо, Спајдермен, Елза, Бетмен, беа дел од јунаците што се дружеа со дечињата од Детската клиника во Скопје

Под мотото „Да подариме насмевка”, по шести пат, Тимот за одговор при катастрофи (Тим за спасување на планина) на Црвен крст на град Скопје, со јажиња се спуштија на клиниката за Детски болести и ги израдува децата, облечени во костимите на детските херои.

Настанот веќе прераснува во хумана традиција на Црвениот крст на град Скопје.

Младите волонтери и овојпат измамија насмевка на детските лица и ги израдуваа малечките со новогодишни пакетчиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons