Ѓоковиќ победи со пресврт и се пласира во четвртфиналето во Пекинг
Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови го победи кинескиот тенисер Јончаокете Бу и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг.
Мечот беше долг, траеше речиси три часа, а Новак Ѓоковиќ по голема борба дојде до победата.
Српскиот тенисер почна лошо, го загуби првиот сет со 4-6. Вториот сет Новак го доби во тајбрејк со 7-2 и го однесе мечот во трет решавачки сет.
Третиот сет беше најлесен за Ѓоковиќ, го доби со 6-2 и ја комплетираше победата со 2-1 во сетови.
Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Зверев и Шанг.



