Пројковска ќе биде главна судијка на мечот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ во ЛШ
Најдобрата македонска фудбалска судијка, Ива Пројковска, доби нова голема доверба од УЕФА и ќе биде главен арбитар на дерби-пресметката од женската Лига на шампиони меѓу Реал Мадрид и ПСЖ.
Дуелот се игра вечерва со почеток од 21:00 часот на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид, каде „кралевите“ го пречекуваат францускиот гигант.
Делегирањето на Пројковска за овој спектакл е уште еден јасен доказ за нејзиниот висок рејтинг и потврда дека со право се вбројува меѓу елитните европски судијки.
Македонија ќе има двојно претставување на овој натпревар, бидејќи дел од судискиот тим ќе биде и Елена Соколевска-Илиевска, во улога на помошен судија.



