Денес започнува ЕП во ракомет за жени, првиот меч во Скопје во сабота 

Денес официјално започнува ЕП во ракомет за жени кое ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора.

Нашата репрезентација натпреварите ќе ги игра во СЦ Борис Трајковски, а во Скопје првенството се отвора во сабота во 18 часот кога Македонија ќе ги одмери силите со селекцијата на Франција.

По пауза од 10 години женската ракометна репрезентација на Македонија се враќа на европските шампионати. Убава можност за оваа млада селекција да го стекне потребното искуство за континуитет на женскиот ракомет на големите натпреварувања.

Ракометарките немаа многу среќа при извлекувањето на групите, па во прелиминарната фаза ќе игра со силните селекции на Франција, Холандија и Романија сите аспиранти за висок пласман. Но и во таква ситуација девојките се надеваат на барем една победа на првенството.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons