Спорт

ФИА донесе одлука, од следната сезона ќе гледаме скратени трки во Формула 1

Трките во Формула 1 од 2027 година ќе бидат пократки, откако Комисијата на Ф1 го усвои предлогот за намалување на стандардната должина на трките.

Наместо досегашните 305 километри, трките ќе се возат на 290 километри, што зависно од конфигурацијата на патеката ќе значи два или три круга помалку. Промената е поврзана со новите правила за протокот на гориво и работата на погонските единици кои ќе стапат на сила.

Направени се и измени во правилата за трки кои ќе бидат прекинати поради дожд или други вонредни околности. Ограничувањето од три часа ќе биде укинато и заменето со однапред одредено крајно време, додека максималното траење на самото возење ќе остане два часа.

Предлогот допрва треба да добие конечна потврда од Светскиот совет за автомобилизам на ФИА, по што промените официјално би станале дел од правилникот за сезоната 2027.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons