МакедонијаНајново

Од полноќ поскапување на нафтените деривати 

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,20 % во однос на одлуката од 7.7.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,470%, кај дизелот за 3,872%, кај екстра лесното масло за 3,097% и кај мазутот зголемувањето е за 3,483%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,2564%.

Од 15.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар);
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар);
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,50 (денари/литар);
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар);
Мазут М-1 НС 40,472 (денари/килограм).

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит. 

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,063 ден/кг и сега ќе изнесува 40,472 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.7.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons