Околу 1300 лекари се упатени на специјализација за шест години, а во преходните десет години 430 лекари 

За шест години во јавните здравствени установи се упатени на специјализација околу 1300 лекари, а за споредба, во претходите десет години, од 2006 до 2016 година, се упатени  430 лекари на специјализација. Бројката е триплирана и тоа ќе биде мотив нашите лекари ширум државата да останат тука, на овие простори и да лекуваат, рече заменик министерката за здравство Маја Манолева во изјава за ТВ Тера.

На темата за дефицитот на кадар, Манолева се осврна на состојбата на глобално ниво, односно предизвикот кој не е присутен само во нашата држава. Таа посочи дека останувањето на нашите лекари тука во нашата земја може да се направи само со продолжување на досегашната политика, како што е зголемување на платите на лекарите, зголемување на додатоците за дежурствата, за ноќниот труд и со упатување на нашите лекари на специјализација.

Таа се осврна и на вложувањето на оваа Влада, пред сè, во човечкиот капацитет, во луѓето кои што работат во здравствениот систем.

– Во оваа прилика би сакала да искажам голема благодарност во сите здравствени работници, лекари, медицински сестри, лаборанти, болничари и останат медицински персонал, кој што несебично и неуморно постојано, 24 часа се вложува, сè со цел граѓаните да имаат добро здравје, но и подобар животен стандард, затоа што само здравјето може да направи благосостојба во животот – порача Манолева.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons