Се врати загаденоста на воздухот откако викендов снегот беше природен пречистувач

Податоците на специјализираните интернет страници за следење на квалитетот на воздухот во светот покажуваат високи вредности на ПМ честички во повеќе градови во Македонија. Најзагаден е воздухот во Битола каде е и најстудено, а меѓу главните или поголеми 100 градови во светот, малку пред пладне Скопје се искачи на девето место.

Со индекс од 190 и со доминација на најопасните ПМ 2,5 честички, Битола е моментално со најнездрав воздух во Македонија, а потоа следуваат Гостивар, Струмица и Кичево, а потоа и Скопје. Загаден е воздухот и во други градови. И секаде доминираат ПМ 2,5 честичките, што укажува на согорување на нееколошки горива во домаќинствата и индустријата, а тука се и издувните гасови од возилата. Како што може да се види од мапата, Лерин не е е загаден, иако се наоѓа блиску до Битола и во Пелагонија, со слични климатски услови и град кој поседува термоцентрала. Тоа може само да зборува за тоа кој како и колку се грижи за екологијата и здравјето на населението.

Скопје на интернет страницата Ервижуал е пласирано на девето место според нездравиот воздух. Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина има алармантно опасен воздух и се најде на третото место во светот.

Инаку, викендов Скопје можеше да се пофали со чист воздух, благодарение на интервенцијата на природата, на снегот и ветерот кои делуваа како пречистувачи на воздухот. Во еден момент Скопје се најде на 73-то место. Тоа беше навистина радосен момент.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons