Промената не завршува со табличките, треба да се сменат уште 20 други документи

За да се избегнат поголеми застои, а и да не се губат време и пари, од „МакамТранс“ предлагаат на камионите да се става посебна налепница при редовната ргистрација на возилата, а секое ново набавено возило да добие регистерски таблици со ознаката „НМК“ како и досега

Во согласност со обврските од Спогодбата со Грција, над 30 илјади македонски транспортери (31.527) до 12 февруари 2024 година, треба да ги заменат регистерските таблички и да ја вметнат ознаката „НМК“. Тоа би било во ред, да е само до табличките, вели Билјана Муратовска, генерална секретарка на „МакамТранс“, прецизирајќи дека со процесот следи и замена на сет од најмалку 20 други документи, кои се поврзани со регистерскиот број на возилото.

Дел од овие документи се вадат во странство, за што е потребно време и дополнителни средства. За да се избегнат поголеми застои, особено за возилата кои се набавени и првпат регистрирани во државава до 9 јануари 2021 година, од кога и за првпат се изработуваат табличките со ознаката „НМК“, од „МакамТранс“ предлагаат на камионите да се става посебна налепница при редовната ргистрација на возилата, а секое ново набавено возило да добие регистерски таблици со ознаката „НМК“ како и досега.

Исто така се бара допрецизирање на член 37 од Законот за возила за издавање на дупликат таблици, по примерот на некои држави членки на ЕУ. Ова значи, додава Муратовска, дека ќе се заменат само таблиците, а сите останати документи ќе останат исти. Превозниците се вознемирени и револтирани, бидејќи и да има толкав број на таблички за да се заврши процедурата, обезбедувањето и измената на останатата документација нема да оди „ала минут“, а за тоа време, транспортерите треба да стојат во место и да губат пари.

-Обезбедувањето и измената на сите потребни документи трае долго, што значи дека превозникот покрај плаќање на секоја услуга пооделно по возило, губи минимум три превози во одење и враќање во државата, што значи неостварени превози минимум во бруто вредност од 3.000 до 10.000 евра во зависност од релацијата – прецизира Муратовска.

Од „МакамТранс“ напоменуваат дека и во изминатиот период, превозниците кои вршат превоз на стока за, од и низ територијата на Грција, ставале налепници со ознаката „НМК“ и немале проблеми. Доколку пак се овозможи издавање на дупликат регистерски таблички, замената на старите ќе оди многу побрзо со тоа о претходна најава и доставенми барања до секое правно лице до техничките служби.

-Затрупани сме од реакции на колегите. Замислете што ги чека комапниите кои имаат по 20, па и повеќе возила? Бараме поддршка од надлежните институции, а поднесовме допис – барања до Владата, министерствата за економија, за внатрешни работи и за транспорт, во кое предлагаме решение на проблемот. Како што ќе се наближува крајниот датум, ќе се зголемуваат неговите димензии за сите кои вршат превоз на стока и патници “, објаснува Муратовска.

Инаку, новата табличка повлекува и нова сообраќајна дозвола за влечно, товарно или приклучно возило, осгурување од автоодговорност и зелен картон поединечно, полномошно за возачот за странство, одобрение за превоз на опасна материја (АДР), ФРЦ сертификат, ТИР сертификат за приколица, Тахо сертификат, потврда за исполнување на техничко-експлоатациони услови, еколошка потврда, ЕКМТ сертификат, банкарска платежна картица за плаќање патарина и точење гориво, Л пакет кој важи за во Австрија, онлајн регистрација за во Унгарија, дозвола за превоз на отпад која важи за Италија итн…

slobodenpecat.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons