Спорт

Меси дојде до троцифрен број голови, Интер Мајами освои нов трофеј 

Лионел Меси стигна до уште еден трофеј со Интер Мајами, откако аргентинскиот ас со гол и асистенција му помогна на тимот да слави над Круз Азул со 2-0 во финалето на Кампеонес купот.

Меси го отвори резултатот во второто полувреме, кога со глава ја затресе мрежата по центаршутот на Луис Суарез. Конечните 2-0 ги постави Каземиро, кој беше највисок во скокот по одлично изведениот корнер од Аргентина.

За Меси ова беше 100. гол во дресот на Интер Мајами, а воедно и 55. асистенција откако пристигна во клубот.

Кампеонес купот е натпреварување во кое се среќаваат шампионите на МЛС лигата и мексиканското првенство. Турнирот е основан во 2018 година, а Интер Мајами за првпат го освои трофејот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons