МакедонијаНајново

ИЈЗ: Низок ризик од хантавирус во Македонија

Ризикот од појава и ширење на хантавирус во земјава е низок, и покрај актуелните случаи во светот. Надлежните институции, вклучително и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), континуирано ја следат состојбата. Во „Македонија наутро“ разговор со д-р Марија Андоновска, директор на Институтот за јавно здравје.

Директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска, утринава гостуваше во емисијата „Македонија наутро“. Тема на разговорот беше ново појавиниот ханта вирус.

Директорката детелано објасни што претставува хантавирус. Постојат два типа на хантавирус. Едниот се пренесува преку животните, а вториот се пренесува од човек на човек.

Вториот тип на вирусот кој сега стана познат на јавноста има два соја. Европски и американски. Во нашава држава веќе претходно имало случаи на европскиот хантавирус, каде што дава бубрежен синдром. Вкупно во Македонија сме имале 32 случаи од овој сој на вирусот, во период од 2015 година до сега.

Додека сега актуелниот американски сој, не е карактеристичен за овие предели, и до сега го немало во нашата држава. Тој дава пулмунален синдром.

– Сметам дека во моментов не постои ризик, т.е ризикот за нашата држава е многу низок. Ние како институт заедно со сите надлежни инстутуции постојано ја следиме состојбата. Можам да кажам дека граѓаните можат да бидат спокојни, рече Андоновска.

Целиот разговоро можете да го погледнете на овој линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons