„ЛИЦАТА ШТО САКААТ ДА ЈА НАПУШТАТ ГЕРМАНИЈА БЕЗ ПАТЕН ЛИСТ, ДОБИВААТ КРИВИЧНА ПРИЈАВА“: Влезот со стар но валиден пасош не е дозволен! Еве што се споделува на социјалните мрежи

На социјалните мрежи се споделува искуство на човек кој заминува од берлинскиот аеродром.

„Моментално сум на аеродромот во Берлин и патувам кон Македонија, за да мобилизирам за веднашното враќање на слободата и мобилноста. По разговор со полицајците на граничната контрола во врска со пасошите со назив “Република Македонија” ми објаснија дека лицата со ‘Патен лист’ можат само да ја напуштат земјата, додека тие без таков лист можат исто така да ја напуштат Германија но добиваат кривична пријава. Влезот со валиден пасош со натпис ‘Република Македонија’ не е дозволен. Време е пратениците во Македонија да ја повлечат оваа одлука или да го продолжат рокот, како што беше со возачките дозволи! Доста го малтретирате народот!“, напиша Роберт Кленкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons