Злато за македонскиот каратист Марко Џорлев на Светската младинска лига во Пореч
На Светската младинска лига во карате што се одржа во Пореч, Хрватска, во периодот од 2 до 5 јули 2026 година, Марко Џорлев донесе златен медал за Македонија.
Членот на карате клубот Штип го освои првото место во категоријата до 63 кг. во кадетска конкуренција.
Џорлев дојде до златото по шест победи остварени против Педро Мораиш од Португалија (2:0), Дањел Нешковиќ од Германија (7:0), Рене Пирчак од Словачка (3:0), Марко Савиќ од Србија (2:0), Гаетано Сторнаиоло (6:4) и Иван Маценко од Украина (4:3). Повеќе резултати ТУКА
На турнирот учествуваат повеќе од 2.700 спортисти од 69 земји од целиот свет.
Ова е одличен завршеток на полусезоната за карате клубот Штип и за македонското карате.



