Драма во вилата на Грилиш – Фудбалерот ограбен додека играше против Еверотн 

Џек Грилиш (28), ѕвезда на Манчестер Сити и на репрезентацијата на Англија, во средата стана жртва на голем и драматичен грабеж. Грилиш играше за Сити во Ливерпул, против Евертон, а неговите родители, двете сестри, братот, бабата и вереницата го следеа натпреварот во одлично расположение и празнична атмосфера во луксузната вила, која неодамна ја купи за 100 милиони фунти.

Но, идиличната атмосфера беше нарушена од лаењето на кучињата и и вревата на горните катови. Набрзо сфатиле дека во вилата има разбојници, кои упаднале во имотот, а потоа и во куќата.

Кога сфатиле дека над нив има провалници кои крадат од куќата и дека се наоѓаат во непозната средина, шокирани барале скривница и ги притиснале „копчињата за паника“. Тоа ја алармирало полицијата.

Набрзо, пет полициски автомобили се упатиле кон имотот со сирени, а за прв пат хелиодромот бил во функција во рамките на огромниот имот со езеро, фудбалски, голф, тенис и игралишта за крикет бидејќи во него влетал и полициски хеликоптер кој ја пребарувал површина со рефлектори во потрага по разбојниците.

Меѓутоа, бројните полициски сили и нивното чешлање на областа не успеале да ги пронајдат крадците. Тие украле накит и часовници во вредност од еден милион фунти. На фудбалерот не му помогнало тоа што поставил висока ограда околу имотот и што имало стражари на влезот на имотот. Ден по грабежот, на имотот дошло комбе од фирма која поставува надзорни камери, аларми и бариери за провалници.

Грилиш пред две години се пресели од Астон Вила во Манчестер сити за отштета од 100 милиони фунти (117 милиони евра). Така стана најскапиот англиски фудбалер во историјата и седми најскап фудбалер воопшто.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons