Македонија

До скоро беше неверојатно: МОСТОТ ОД АЕРОДРОМ ДО ГАЗИ БАБА ЌЕ БИДЕ ВО ФУНКЦИЈА!

Конечно, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ се става во функција, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Почитувани мои скопјани, она што со години беше симбол на застој, неодговорност и нерешени проблеми, конечно добива решение. Мостот што народот со право го нарекуваше „мост кој не води никаде“ или „мост за ловење риба“, повеќе нема да биде потсетник на нечија неработа, туку ќе стане вистинска сообраќајна врска во служба на граѓаните. Мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, конечно ќе биде ставен во функција. По неколку години хаос, одолговлекување и немање волја да се олесни секојдневието на скопјани, денес со гордост можам да кажам дека овој горлив проблем го решаваме, истакна градоначалникот.

Завршени се експропријациите, кои беа најголемата пречка и со години го кочеа пуштањето на мостот во употреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons