Магазин

Постојано сте уморни? Оваа „обична“ храна е природен мултивитамин кој ја обновува енергијата подобро од кафето

Замор, слаба концентрација, лошо расположение, па дури и опаѓање на косата – сето ова може да биде знак за недостаток на витамин Б12. А една вообичаена храна е полна со него и експертите препорачуваат да се јаде секојдневно.

Научниот став за јајцата драматично се промени во последната деценија. Порано се зборуваше многу за затнување на крвните садови од страна на холестеролот, но тие ставови во голема мера се отфрлени бидејќи доказите покажаа дека холестеролот во исхраната има минимално влијание врз холестеролот во крвта кај повеќето луѓе.

За што сè се добри јајцата

Иако за многумина јајцата се „обична“ намирница што не ја јадат често, тие всушност се многу моќна и корисна храна. Притоа, обезбедуваат подобра и подолготрајна енергија во споредба со кафето, кое нуди брз поттик проследен со можен пад. Додека кафето делува како стимуланс за моментална будност, јајцата обезбедуваат хранливо, стабилно „гориво“ преку висококвалитетни протеини, здрави масти и хранливи материи, како што е витамин Б12, кои се борат против замор.

Јајцата всушност се природен мултивитамин бидејќи ги содржат речиси сите есенцијални нутриенти, освен витамин Ц.

Ако се консумираат редовно, јајцата можат да помогнат кај заморот, бидејќи недостатокот на витамин Б12 предизвикува исцрпеност, а јајцата се еден од најдобрите извори на овој витамин. Две поголеми јајца содржат речиси половина од препорачаната дневна доза на витамин Б12.

Енергијата тогаш се враќа, а чувството дека мозокот забавил исчезнува. Исто така, благодарение на холинот во јајцата, концентрацијата се подобрува и учењето оди подобро.

Жолчката во јајцето содржи моќни антиоксиданти кои се добри за очите, од биотинот во јајцата косата станува посилна, помалку опаѓа, а ноктите помалку се лупат и пукаат.

Исто така, јајцата се една од ретките намирници кои природно содржат витамин Д. Тој го регулира лачењето на серотонин, хормонот на среќата, па директно помага кај лошото расположение и раздразливоста. Покрај тоа, селенот во јајцата го зајакнува имунитетот и работата на тироидната жлезда.

Дали е дозволено да се јадат јајца секој ден?

Повеќето здрави луѓе можат безбедно да јадат едно до три јајца дневно. Водечките светски институции повеќе не поставуваат строги ограничувања за бројот на јајца неделно кај здравата популација. Всушност, секојдневната консумација помага во одржување стабилно ниво на енергија и мускулна маса.

Сепак, иако јајцата се супер-храна, оние кои имаат покачен холестерол треба да побараат совет од стручно лице, како и лицата со дијабетес и оние кои инаку имаат чувствителен желудник.

Како е најдобро да се јадат јајца?

Многу е важно како ги јадете јајцата за да го извлечете максимумот од нив. Јајцата пржени во рафинирано масло, со бел леб и мајонез воопшто не се добра опција. Најдобро е да направите кајгана со јајца и спанаќ за појадок или да испржите јајце во маслиново масло или да го сварите и да јадете јогурт и интегрален леб со него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons