Вардар против Висла по прва победа во Лигата на шампионите
Вардар вечерва во „Јане Сандански“ ја пречекува Висла Плок во обид да стигне до првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите.
„Црвено црните“ на стартот имаат два тесни порази, од Мелсунген со 33-31 и од Нант со 32-33, па против полскиот првак повторно ќе атакуваат на бодови пред домашната публика. Иван Чупиќ овојпат ќе има поширок ростер, бидејќи во составот се враќаат Лазаревски, Педро и Стојановски.
Висла Плок има три бода по првите две кола, со победа над Мелсунген од 25-24 и пораз од Нант со 25-26. Полскиот шампион е максимален во домашното првенство, но ист таков учинок има и Вардар по пет одиграни натпревари.
Историјата е на страната на скопскиот тим, кој против Висла има четири победи, две нерешени средби и еден пораз на седум натпревари. Последниот меѓусебен дуел беше одигран пред осум години и заврши без победник.
Средбата вечерва се игра во терминот од 20:45 часот.



