Спорт

Чеферин пак ќе се кандидира за претседател на УЕФА

Александар Чеферин на состанок во Берлин најави дека повторно ќе се кандидатира за претседател на УЕФА. Доколку биде избран, тоа ќе му биде четврти мандат.

Чеферин се предомисли, пред две години рече дека нема да се кандидатира повторно за претседател на УЕФА, но сега сака да остане во големата фотлеја.

Тој претходно ја отфрли можноста да му биде противкандидат на Инфантино за претседател на ФИФА. Британските медиуми пишуваат дека Чеферин со новата кандидатура сака како претседател на УЕФА да ја продолжи борбата со ФИФА.

Четврти мандат му овозможува контроверзната промена на статутот изгласана во 2024 година, баш тогаш Чеферин рече дека нема да ја искористи можноста за нова кандидатура. Се предомисли.

Изборите за претседател на УЕФА ќе се одржат на редовниот конгрес следната година во Астана, а новиот претседател ќе добие мандат до 2031 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons