Данска планира да ги забрани мобилните телефони во училиштата
Данска ќе предложи забрана за користење мобилни телефони во основните училишта и во пониските одделенија на средните училишта, како и филтрирање на содржините на училишните интернет-мрежи, почнувајќи од новата учебна година во 2027 година, соопшти данското Министерство за образование.
Земји како Холандија, Јужна Кореја и Италија веќе ги забранија паметните телефони во училиштата поради загриженоста за нивното влијание врз концентрацијата и однесувањето на учениците. Во јуни, слична забрана предложија и Полска и Чешка.
„Децата треба да можат да одат на училиште без постојано да им го одвлекуваат вниманието работи како социјалните мрежи, онлајн купувањето и играњето видеоигри“, порача министерот за образование Магнус Хојнике.
Забраната ќе се однесува и на други приватни електронски уреди со пристап до интернет.
Ќе бидат воведени и филтри за содржини, со кои за време на наставата ќе се блокира пристапот до интернет-страници што немаат образовна или педагошка намена. Меѓу нив се социјалните мрежи, страниците за видеоигри и онлајн-продавниците.
Секоја општина и секое училиште самостојно ќе одлучуваат кои интернет-страници ќе бидат блокирани.



