OГРОМНА ТАГА – Почина познатиот пејач на 35-годишна возраст 

Австралискиот пејач и актер Џони Руфо почина на 35-годишна возраст.

Долго боледувал од рак на мозокот. Неговото семејство денеска ја соопшти тажната вест.

„Со тешко срце денеска моравме да се збогуваме со нашиот сакан Џони. Опкружен со својата партнерка и со семејството, замина мирно со поддршка на неверојатните медицински сестри и лекари. 

Беше многу талентирано, шармантно и понекогаш дрско момче. Џони беше многу одлучен и со силна волја за живот. Се бореше до последен здив.

Имаше толку убава душа, имаше уште многу да даде. Те сакаме, Џони, и ќе те паметиме по радоста што си ја донел во нашите животи“, се вели во соопштението на семејството.

Пред шест години изјави дека му бил дијагностициран тумор на мозокот и оти ќе биде подложен на поагресивен третман.

Во 2019 година, пејачот изјави дека го победил ракот, ја објави песната „Скршено стакло“, а болеста му се врати во 2020 година. 

Лани во август откри дека е во терминална фаза на рак.

Битката со болеста ја раскажа во книгата „No Finish Line“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons